Skip to content Skip to footer

ПОМЕЃУ ТОА ШТО СТЕ ДЕНЕС И ТОА ШТО САКАТЕ ДА СТАНЕТЕ, ПОСТОИ СИСТЕМ

Менторство, консалтинг и коучинг за луѓе и организации кои сакаат повеќе јасност, подобри одлуки и одржливи резултати.

Вашиот следен чекор започнува со еден разговор. Да разговараме за вашите цели, предизвици и можности за развој.

    КАКО ПОМАГАМЕ?

    Работиме со организации и поединци преку два комплементарни пристапи. Изберете го пристапот што најдобро одговара на вашите цели.

    WISE Consulting

    За компании што сакаат јасност, структура и одржлив раст.
    Градиме системи што функционираат: луѓе, процеси, стратегии и мерки што придонесуваат за долгорочни резултати.
    • Организациски развој и трансформација• Стратегија, процеси и KPI системи• Развој на лидери и тимови• Пристап до финансии и ЕУ фондови
    Дознај повеќе

    WISE Institute

    За луѓе што сакаат континуирано да учат, да се развиваат и да го достигнат својот потенцијал.
    Развиваме знаења, вештини и начини на размислување преку програми за личен и професионален развој.
    • NLP програми и меѓународни сертификации• Отворени обуки и работилници• Програми за студенти• In-house обуки за компании
    Дознај повеќе
    Јасност. Структура. Резултати.

    ЗОШТО WISE?

    WISE е создаден како одговор на потребата за поинаков пристап кон развојот на луѓето и организациите – пристап што не се задржува на инспирација и теорија, туку се темели на примена, развој и мерливи резултати.

    М-р Анита Спасовска

    WISE Consulting / WISE Institute

    М-р Анита Спасовска, МБА

    Основач на WISE Consulting и WISE Institute, меѓународно лиценциран NLP Trainer и консултант за организациски развој и лидерство. Со повеќе од 20 години менаџерско искуство и над 1,500 часа обуки, консалтинг, менторство и развојна поддршка, работам со компании, лидери и поединци кои сакаат повеќе од инспирација – сакаат јасност, структура и резултати што можат да се одржат.

    20+

    години менаџерско искуство

    1,500+

    часа обуки, консалтинг, менторинг и развојна поддршка

    IANLP

    Прв Fellow Member Trainer во Македонија

    WISER®

    Авторски модел за поставување цели и трансформација

    ДОВЕРБА ИЗГРАДЕНА ПРЕКУ СОРАБОТКА

    Компании и организации кои ни ја довериле својата трансформација, развој и раст.

    0
    ПРОЕКТИ
    0
    ЛУЃЕ
    0
    КОМПАНИИ
    0
    ГОДИНИ
    WISE Консалтинг

    Мудрост. Иновација. Стратегија. Извонредност.

    НЕ ЧЕКАЈ да се сменат околностите. СТАНИ ЛИЧНОСТ која создава НОВИ!

    Клиенти и соработници

    Ани Спасовска се истакнува како исклучителен професионалец со ретка комбинација од јасност, структура и визионерско размислување. Нејзината способност сложените концепти да ги претвори во практични и применливи решенија ја прави личност која носи непосредна вредност и долгорочно влијание. Она што ја прави нејзината работа вредна не е само нејзиното знаење, туку и начинот на кој им помага на другите да разберат, применат и создадат вистински напредок. Нејзиниот пристап обединува професионална длабочина, разбирање на луѓето и јасен фокус на резултатите.

    Проф. д-р Кемал Челик

    Çanakkale Onsekiz Mart University, Турција

    Ани е исклучително стручна, посветена и пристапна, а верувам дека токму тие три квалитети се клучни за успешно работење во развојот на вработените. Соработката со неа е едноставна и ефикасна – проактивна е во предлагањето теми, прецизна во реализацијата и темелна во давањето повратни информации по обуките. Нашите вработени се чувствуваа пријатно и мотивирано за време на обуките, а тренинзите ги оценија со највисоки оценки, како според содржината, така и според начинот на изведба. Топло ја препорачувам на секоја организација која сака конкретен, практичен и применлив развој на своите тимови.

    Душан Гавриловиќ

    Извршен директор, Milk House, Србија

    Како генерален менаџер на семејна компанија во фаза на раст, постојано барам начини да ја зајакнам организацијата и тимот. Соработката со WISE Consulting и м-р Анита Спасовска ни помогна уште повеќе да ја унапредиме организациската структура и да креираме јасни, практични описи на работните места, а како дополнителна вредност реализиравме и работилница за комуникациски вештини за клучните членови на тимот. Денес имаме уште поорганизирани процеси, појасна распределба на одговорности и подобра основа за понатамошен раст. Со задоволство ја препорачувам соработката со WISE Consulting на компании кои сакаат да ја подигнат организацијата на повисоко ниво.

    Филип Дамјановски

    Генерален менаџер Термалифт, Куманово

    Соработката со  Ани Спасовка  Вajз Конслатинг како надворешен консултант и обучувач претставува значајна додадена вредност за Елида . Обуките за комуникација кои ги реализираше за нашите вработени беа структурирани, практични и целосно усогласени со нашите организациски потреби. Преку интерактивен пристап и работа со реални ситуации, тимот стекна конкретни алатки за поефективна интерна и екстерна комуникација. По спроведените обуки забележавме подобрување во тимската соработка и јасноста во комуникацијата. Покрај обуките, Ани Спасовска активно соработува со менаџментот во делот на преговори и стратегиски развој на компанијата. Нејзиниот аналитички пристап, практични препораки и способност да препознае клучни можности за унапредување придонесуваат кон носење поинформирани и одржливи деловни одлуки. Ја препорачуваме соработката со Ани Спасовка  (Вјаз Конслатинг) како сигурен избор за компании кои бараат професионален, структуриран и резултатски ориентиран консултантски пристап.

    Елена Лалевска Илиев

    Сопственик и управител на Елида ДОО
    ПЕРСПЕКТИВИ

    Колумни, интервјуа и размислувања

    Простор каде споделуваме идеи, искуства и увиди за личен развој, лидерство, организациска трансформација и создавање резултати што можат да се одржат.

    Зошто ги повторуваме истите резултати?
    М-р Анита Спасовска, сертифициран тренер по НЛП-методологија Во време кога вниманието е насочено кон вештачката интелигенција, дигиталната трансформација и новите технологии,…
    Нѐ удавува тоа што не научивме да пливаме
    ВИ не доаѓа како бран што ќе нè удави сите. Доаѓа како бран што ќе ги помести правилата и ќе…
    Верувањата и како тие го обликуваат нашиот живот?
    Погледнeте околу себе… сè што го гледате, сè што постои, некој го сонувал, верувал во тоа, одлучил да го постигне.…
    Следен чекор

    СЕКОЈ ЗНАЧАЕН НАПРЕДОК ЗАПОЧНУВА СО ЈАСНОСТ.

    Без разлика дали станува збор за личен развој, лидерство или организациска трансформација, првиот чекор е да создадете јасна насока.

    Закажете иницијален разговор
    Cart0
    Cart0
    Cart0