Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

За тренингот

Сите одложуваме.

Проблемот настанува кога одложувањето станува навика и почнува да влијае на резултатите, самодовербата и чувството на контрола. Многу луѓе знаат што треба да направат, но постојано го одложуваат токму она што им е најважно.

WISE Систем против прокрастинација е практична програма која помага да се разберат причините за одложувањето и да се изградат навики што водат кон доследна акција.

Проблем кој програмата го решава

Постојано одложување на важни задачи и одлуки
Тешкотии при започнување активности
Внатрешен отпор и самосаботажа
Страв од неуспех, грешка или проценка
Перфекционизам кој го блокира делувањето
Преоптовареност и губење на фокус
Чувство на вина и зголемен притисок поради одложување

✓ За кого е наменета

  • Професионалци со многу обврски
  • Менаџери и тим лидери
  • Претприемачи
  • Лица кои постојано одложуваат важни задачи
  • Лица кои сакаат да изградат поголема дисциплина и доследност
  • Сите кои сакаат повеќе фокус и контрола врз своето делување

✕ За кого не е

  • За оние што бараат само мотивација
  • За оние што не сакаат да ги променат своите навики
  • За оние што очекуваат резултати без акција
  • За оние што не се подготвени да работат на себе

Што добиваат учесниците

✓ Јасно разбирање на сопствениот модел на одложување
✓ Препознавање на навиките што ја одржуваат прокрастинацијата
✓ Конкретни алатки за премин во акција
✓ Зголемен фокус и јасност
✓ Подобро управување со време и енергија
✓ Намален внатрешен притисок

Структура на програмата

Модул 1
Разбирање на одложувањето
Модул 2
Препознавање на сопствените шаблони
Модул 3
Прекинување на одложувањето
Модул 4
Премин во акција и дисциплина

Начин на имплементација

  • 4 структурирани работни сесии × 3 часа
  • Практична работа со реални ситуации
  • Индивидуални и групни вежби
  • Примена на алатките за време на самиот тренинг

Одложувањето не исчезнува само од себе.

Промената започнува со првиот чекор кон акција.


Пријави се

Cart0
Cart0
Cart0