Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

За програмата

Денешните менаџери работат во средина со постојани промени, голем број приоритети и сè поголеми очекувања. Освен што треба да носат одлуки и да обезбедуваат резултати, тие секојдневно управуваат со луѓе, процеси, рокови и непредвидени ситуации.

Предизвикот е да се задржат јасни приоритети, фокус и дисциплина во извршувањето. WISE Систем за извршност на менаџери им помага на менаџерите да работат со поголема јасност, подобар фокус и поконзистентни резултати.

Проблем кој програмата го решава

Преоптовареност со оперативни задачи и постојани прекини
Реактивно наместо проактивно управување
Недостаток на јасни приоритети во секојдневното работење
Носење одлуки под притисок и во услови на ограничено време
Расфрлан фокус и неефикасно користење на времето и енергијата
Неконзистентно извршување на клучните активности и цели

✓ За кого е наменета

  • Менаџери со искуство
  • Средно ниво на менаџмент
  • Раководители на тимови, функции и процеси
  • Професионалци со висока одговорност
  • Сопственици и директори кои управуваат со повеќе приоритети истовремено

✕ За кого не е

  • За оние што сакаат да останат во хаос
  • За оние што избегнуваат донесување одлуки
  • За оние што не сакаат да променат навики и начин на работа
  • За оние што очекуваат резултати без јасни приоритети и дисциплина

Што добиваат учесниците

✓ Систем за поставување и управување со приоритети
✓ Подобро и побрзо донесување одлуки
✓ Јасен модел за извршување на клучните активности
✓ Подобро управување со фокусот, времето и енергијата
✓ Намалување на реактивното работење и оперативниот хаос
✓ Поголема лична ефективност и поконзистентни резултати

Структура на програмата

Модул 1
Одлуки и начин на размислување
Модул 2
Фокус и приоритети
Модул 3
Систем за извршување
Модул 4
Лична извршност

Начин на имплементација

  • 4 структурирани работни сесии × 3 часа
  • Практична работа на реални менаџерски ситуации
  • Примена на алатките директно во секојдневната работа
  • Можност за изведба како in-house програма

Високите резултати не доаѓаат од повеќе работа.

Тие доаѓаат од подобри одлуки, јасни приоритети и дисциплина во извршувањето.


Пријави се

Cart0
Cart0
Cart0